Партијата Алијанса за Албанците упати честитка по повод Нова година.
„2022 година беше година на предизвици како за нас, така и за сите граѓани во земјата и во целиот свет. Сите заедно поминавме низ многу тешки моменти, од некои излеговме посилни, а од други научивме многу лекции и се здобивме со нови искуства.
Посакуваме Новата 2023 година да биде помирна, да живееме во мир и хармонија, да имаме здравје и да броиме успеси!
Алијанса за Албанците останува посветена на градење на подобра иднина, не оставајќи го ова само на ниво на желби.
Среќна Нова 2023 година!“, велат од партијата