„Несериозно е да се прави паралела меѓу Гордана Јанкуловска и нејзиното МВРО-ВМРО и сегашното раководење на МВР од страна на Оливер Спасовски. Граѓаните тоа го перцепираат, искажуваат преку анкети и даваат поддршка за намалување на криминалитетот“ кажа пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во „Топ тема“ на Телма. Тој додаде дека намалувањето на криминалот, акциите за заплена за дрога, како и последната акција на Табановце покажуваат дека Владата,

СДСМ и МВР прават се за министерството да се ослободи од партиски стеги и авторитети. „Генерално МВР е ослободено од партиските стеги и притисоци. Преочигледно е какво беше МВР и целокупниот ситем, како се практицираше власта. Сега е дијаметрално спротивно од тоа што беше, а сите меѓународни партнери и институции го признаваат тоа“ рече Костовски.

Пратеникот од СДСМ кажа дека додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бегаат од седниците на Комисијата за безбедност во Собранието, министерот Спасовски детално брифираше и ги сподели сите информации во врска со преземените активности за дојавите за бомби. „ВМРО-ДПМНЕ само фаќа сеир од страна со скрстени раце и се обидува да извлече политички поени“ рече Костовски.