29-годишниот Белгиец оваа сезона е на позајмица од Челси во Интер, со што го одбележа вториот ангажман во редовите на „нероаѕурите“. Италијанскиот клуб веќе започна преговори со лондончани за продолжување на заемот, но раководството на „сините“ сака да добие 8 милиони евра, како и да додаде уште 3 милиони во вид на бонуси.

Advertisements

Истовремено, Интер мора да плати 8,5 од вкупните 12 милиони евра од годишната плата на играчот. Њукасл верува дека Лукаку е напаѓачот со вистинскиот профил за клубот, иако го имаат и Александар Исак. Белгиецот поради повреда пропушти околу два месеци од тековната сезона. Во Серија А одигра четири натпревари и постигна еден гол по враќањето./Makfudbal/

Прикажи повеќе