Руската противвоздушна одбрана собори украинско беспилотно летало во близина на воздухопловна база во јужна Русија, а остатоци од дронот убиле три лица на земја, јави утрово агенцијата Франс прес повикувајќи се на руската државна новинска агенција ТАСС.

Advertisements

„Украински дрон беше соборен на мала височина додека се приближуваше до воениот аеродром ‘Енгелс’ во регионот Саратов на 26 декември околу 1:35 часот по московско време (22:35 часот по средноевропско време)“, се вели во извештајот на руското Министерство за одбрана.

Тројца руски техничари на аеродромот биле смртно повредени при падот на делови од погодениот дрон, се додава во извештајот.

Прикажи повеќе