Доцна синоќа полицијата и Јавното обвинителство спроведуваа заедничка акција на граничниот премин Табановце, соопштија од МВР.

– МВР во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка акција на ГП „Табановце“, информираа од МВР, кои за денеска најавија повеќе детали.

На Граничниот премин „Табановце“ според граѓани кои се враќаат во државата, имаше метеж. Од аматерските видеоснимки и фотографии можеше да се забележат долги колони автомобили и нервозни граѓани.