Ламборџини Huracan е дел од италијанските сили на редот и му е доделена благородна улога.

Во 2014 година, Lamborghini ѝ подари Huracan на италијанската полиција, а потоа повторно го направи истото три години подоцна.

Тој втор автомобил неодамна учествуваше во важна мисија, транспортирајќи два бубрега на пациенти во болниците оддалечени стотици километри.

Локалните власти неодамна споделија фотографии на социјалните мрежи кои покажуваат како користат мал багажник на Ламборџини за транспорт на скапоцен товар. Иако предниот багажникот е само околу сто литри, доволно е да се складира изолиран сад со органи за трансплантација.

Автомобилот тргнал од Падова, а прва дестинација му била болницата во Модена, оддалечена 168 километри, каде е предаден еден бубрег. Патот потоа го однесе тимот со Ламборџини до 401 километар далечната дестинација во Рим, каде што беше доставен и вториот бубрег.

Во првичната објава тие напишаа: „Патувајќи по автопат за да го донесат најубавиот подарок за Божиќ: животот. Благодарение на специјалниот Дедо Мраз на државната полиција, две лица добија бубрег. Органите ги донесоа полицајци кои предадоа два бубрега во Ламборџини Хуракан до болниците во Модена и Рим“.

Да кажеме и дека ова Ламборџини освен стандардна полициска опрема има и дефибрилатор, како и видео надзор кој постојано ја следи работата на полицискиот тим.