Целта на лажните дојави за бомби веројатно е во целиот регион да се предизвика чувство на несигурност и целиот регион е во една таква несигурна положба, изјави Адмир Лисица, геополитички аналитичар и историчар, во гостувањето во емисијата 10 минути на ТВ 21.

Руското влијание како што вели тој во регонот е големо, Србија е најплодна почва, а останатите држави се насочени кон НАТО и ЕУ, па поради тоа ваквите акции се начин да се предизвика страв и несигурнст.

Тој вели дека слична е ситуацијата, како во Македонија, така во БиХ, Црна Гора, но и Косово.

„Во Северна Македонија како што можев да заклучам, ситуацијата е слична, Македонија сака во ЕУ, сака да биде дел од европското семејство, но на одредени фактори тоа не им одговара. И тогаш, целта е преку вакви акти, низ вакви акции, да се предизвика одредена нестабилност. Во моментов, веројатно тоа се во голем дел лажни дојави, но мора да се сфатат сериозно“, вели Адмир Лисица.