Политичкиот аналитичар Петар Арсовски смета дека е потребен натпартиски консензус дека ќе се престане со партизација и политизација на судските случаи. Во гостувањето во „Само вистина“, коментирајќи ја состојбата со корупцијата, тој додаде дека е проблем што корупцијата метастазира надолу во системот.

-И во западните демократии постои корупција, но таму има предвидлив систем, рече Арсовски.

Според него трпението на јавноста за одредени судски случаи е потрошено и трендот на неказнивост мора да запре.

-Имаше бурна јавна реакција на укинувањето на пресудата за„Таргет-Тврдина“. За прилушувањето имаше признание од лицата од МВР, а голем број новинари и јавни личности имаа список со свои разговори кога биле прислушувани. Апелација го чуваше девет месеци предметот во фиока, иако треба да одговори во рок од 60 дена, што е навистина загрижувачко рече Арсовски.