Откако пред два дена го промовираа капитенот на Македонија ЃП, Ермедин Адем за свое прво зимско заилување, второлигашот Воска Спорт веќе претстави и втор новајлија и тоа „единицата“ на екс-првакот Ренова, кој летово се повлече од Првата лига, Хадис Велии.

Advertisements

Велии е екс-голман и на Шкендија, како и на Гостивар и Влазрими, а има 11 меча во прволигашката конкуренција, меѓу другото и три настапи со Ренова во европските купови.

Воска спорт во есенскиот дел заврши како третопласирана со воведните две засилувања најавува големи амбивии во трката со Гостивар и Вардар за место на првите две позиции кои директно водат во Првата лига.

Прикажи повеќе