Северна Македонија нема друг пат освен да биде дел од Европската унија. Северна Македонија нема друг пат освен добрососедството. И Бугарија и Северна Македонија и Грција и Романија се мали за да имаат сопствена улога во големата геополитика. Единствено со членство во сојузи, барајќи пријателства и добрососедство и проширување на своите контакти во економијата, во политиката, во образованието, во културата може да направиме големи постигнувања, рече бугарскиот европратеник и известувач за нашата држава во Европскиот парламент, Илхан Ќучук одоговарајќи на новинарско прашање во врска со последните резулатите од анкетата на ИРИ за расположението на Македонците кон ЕУ и ставањето на Бугарите во Уставот.
Тој додаде дека ги почитуваа ставовите на македонските граѓани доколку процениле дека таква е актуелната политичка ситуација, но потенцираше дека полтичарите играат важна улога за тоа како размислува едно општество.
-Ако патот на Северна Македонија е во ЕУ и сите работиме на тоа и тежнееме кон тоа, тогаш јас мислам дека проевропските сили треба да соберат во себе поголема храброст и да продолжат со реформите за пат кон ЕУ. И затоа мојот апел до политичарите во Северна Македонија е нека спорат за економијата, за здравство, за пензии, за плати, но кога станува збор за приоритетите на земјата-НАТО и ЕУ, тогаш тие за мене се неспорни работи, подвлече Ќучук.
На новинарско прашање дека македонски граѓани се жалеле во бугарското Собрание за кршење на правата за слобода на изразување, а паралелно бугарските културни клубови во земјава не ја почитуваат одлуката на македонското собрание за промена на имињата, Ќучук одгвори дека денеска во Струмица е со конкретна цел-да бара пријателство, иако ова е многу важно прашање за граѓаните од двете држави.
– Јас сметам дека патот за продолжување напред е доборососедството и пријателството, со почитување на различностите и барање начин како да ги надминеме сите пречки кои ни сметале во минатото. Нови патишта, нови можности можат да бидат побарани само со многу желба. Ако човек сака да го види лошто, тогаш ќе го види. Ако сака да го види доброто-ќе го види. Морам да ви кажам дека има многу иницијативи меѓу бугарски и македонски универзитети, меѓу училишта, сите тие го посетија Брисел. Јас сум да се изгради взаемна доверба меѓу двете општества. Големиот проблем е во тоа што бугарското и македонското општество не се познваат добро. Кога има непознавање, тогаш не можеме да говориме за взаемно уважување, одговори Ќучук.
На дополнително прашање дали може да се надминат проблемите со бугарските клубови тој одговори дека на Балканот има повеќе историја, отколку што моќеме да ја носиме.
-Ако еден ја прочита историјата, друг треба да ја прочита иднината. Ние живееме денеска и сме актуелни политичари, бугарски, македонски, европски. Ја имаме одговорноста да ги пренесеме двете земји во ЕУ, рече на крајот бугарскиот европратеник и известувач за нашата држава во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.