Здружението на граѓани за промоција, издавање, иницијативи и меѓународна соработка ДЕЛО Скопје, на ден 21.12.2022 година, до Претседателот на Собранието на Р.С.Македонија, Талат Џафери, поднесе иницијатива за разрешување на претседателот и членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, согласно член 20 став (2) точка 1 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, поради нестручно, пристрасно и несовесно вршење на функцијата, заради сторена континуирана Директна дискриминација во областа на управата, во смисла на член 5, член 6, член 8 став (1) а во врска со член 3 став (2) точка 4 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, кон Здружението ДЕЛО Скопје и Индиректна дискриминација кон граѓаните на Република Северна Македонија со бугарскa национално самосознание и кон сите граѓани на РСМ без разлика на етничка припадност, а кои се за соживот и за добри односи со бугарскиот народ и држава, во смисла на член 5, член 6, член 8 став (2) а во врска со член 3 став (2) точка 4 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Од Здружението наведуваат дека бараат и средба со Талат Џафери со цел на истиот изворно да му ги предочат проблемите во врска со нестучното работење на самата Комисија.