Во велешките откупни центри тече откупот на тутунот, задоволни се и производителите и откупувачите од сите три откупни центри, вели извор за Агротим.
Прва класа на тутун се откупува за 300 денари, втора за 240, трета за 180 денари.
Во велешко Богомила има три откупни центри на тутун и просечно дневно се откупува 5-7 тони тутун.
Од квалитетот на произведениот тутун задоволни се и производителите и откупувачите, околу 80 проценти од предадениот тутун досега е проценет како прва класа.
За тутунопроизводителите има и субвенции по килограм тутун, во зависност од класата произведен и предаден тутун им следуваат по 80, 70 и 60 денари за килограм тутун.
Откупот на тутунот започна на 27 ноември со просечна цена од 261 денар за килограм тутун.
Се очекува годинашнава реколта да тежи околу 21.000 тони, иако со компаниите беше договорен род на преку 25.000 тони тутун.
Превземено од агротим.мк