ЛЕСНО е да се даде ветување, но многу потешко е да се исполни. Сите знаеме луѓе кои имаат навика да даваат празни ветувања кои никогаш не ги исполнуваат, поради што се чувствуваме како да не можеме да се потпреме на нив. Ова се хороскопските знаци кои даваат празни ветувања и на кои не може да им се верува.
Близнаци
Близнаците најмногу лажат кога се во прашање ветувањата. Овие луѓе едноставно не можат и не сакаат да преземат дополнителни должности и одговорности бидејќи веќе имаат толку многу работа. Покрај тоа, тие се прилично невнимателни и површни, па често забораваат на кого што ветиле.
Вага
Вагите постојано бараат одобрување и сакаат да им угодат на сите. Меѓутоа, кога станува збор за исполнување на ветувањата, ова е местото каде што обично паѓаат на тестот. Малку се мрзеливи и се плашат да не западнат во неволја поради преземање големи обврски, па на крајот често изиграваат некого.
Стрелец
Стрелците сакаат да остават добар впечаток. Иако имаат добри намери и навистина би сакале да си го одржат зборот, овие луѓе често преземаат премногу обврски кои едноставно не успеваат да ги извршуваат. Повеќе се фокусирани на сопственото задоволство отколку на потребите на другите, што е и причината поради која не ги исполнуваат ветувањата.
Риба
На Рибите им е многу тешко да одбијат некого. Затоа ветуваат, иако се свесни дека не можат да ги остварат поради големиот обем на обврски што веќе ги презеле. Нивната неспособност да кажат „не“, како и неспособноста да се држат до договорите ги прави несигурни.