Приватните превозници ќе ги паркираат своите 200 автобуси долж улицата Илинденска, каде што се наоѓа седиштето на градот Скопје.
Превозниците бараат исплата на 1,5 милиони евра кои велат дека им се долг од страна на градот Скопје. Од градот Скопје пак демантираат дека ваков долг постои.
Хаосот во Скопје минатата недела го парализираше градот, економските штети и загубите на граѓаните непроцинливи
Минатата недела Скопје беше блокирано на повеќе клучни раскрсници, при што буквално градот беше парализиран. Економијата замре, бизнисите претрпеа огромни штети во милиони евра.
Но не загубија само бизнисите, туку и многу граѓани кои не стигнаа на време на лекар на закажаните термини уште пред три месеци, учениците кои губеа настава, а многу вработени скопјани не успеаа да стигнат на работа на време.
Штетите се огромни и многукратно повисоки од сумата која ја бараат превозниците од мајката на градот, Данела Арсовска.
Скопјани масовно гласаа за модерно Скопје, добија блокирано – од градоначалничката се откажаа дури и тие што ја донесоа
Не помина ниту една година мандат, од Скопје нема ни м од модерно Скопје она што всушност беше најавувано во добро спакувана кампања со која беа поразени прогресивните сили.
Од актуелната администрација на Град Скопје се откажа и ВМРО ДПМНЕ, партија која што ја поддржа оваа кандидатка на локалните избори, а победата со зурли и тапани ја славеа заедно во белата палата, а тука беа скандирањата и дека “Скопје е вмровски град”.
Денес многумина се каат што гласале за опозицијата на локалните избори, но тоа е завршена работа, а штетите покрај оние што гласале ќе ги трпат и тие кои биле против, но и тие кои останале дома за време на изборниот ден.