По завршувањето на форумот на Internacional Democrat Union, најголемата светска организација на десничарски партии, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски истакна дека едно од најважните прашања било состојбата во Македонија и борбата против корупцијата.

„Режимите на Социјалдемократските партии во светот, но и во Македонија покажаа дека тие не знаат да се грижат ниту за демократијата, ниту за владеењето на правото, а најмалку за борбата против корупцијата. Затоа многу е важен овој состанок на кој ги споделивме искуствата од државите кои се соочеуваат со случни проблеми, кои се хибридни режими и кои се многу ниско на скалата на Транспаренси интернешенал, и заедничката борба од овде од Вашинготн, но и од сите главни градови во светот мора да биде  против ваквиот систем и ваквите режими“, рече Андоновски.