Министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков и амбасадорот на земјата во РС Македонија Ангел Ангелов добија почесни плакети од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас- Скопје, јавува Трибуна.

Министерот Милков го посети Заводот каде што Бугарија го има донирано единствениот клинички аудиометар од најсовремен тип во РС Македонија. Донацијата на аудиометарот стана реалност преку програмата на Република Бугарија ,,Помош за развој”.

Вредноста на целиот проект изнесува 22 300 евра и претставува целосно опремен кабинет за аудиометрија кој што ќе се користи за преглед и утврдување на различни видови на вербални патолошки состојби кај деца и возрасни.

Бугарската делегација предводена од првиот бугарски дипломат, беше пречекана од министерот за здравство на РС Македонија Беким Сали.