Американската амбасадорка Анџела Агелер го нотираше како најголем проблем во земјата проблемот со корупцијата.
-Американците кај нас се присутни во континуитет. Биле поприсутни кога имало најава или кризна ситуација. Како стратешки партнери тие имаат право да бидат поинволвирани во некои работи. Тие дале пари од нивните даночни обврзници борбата против корупцијата кај нас да биде успешна. Сега гледаат дека нема резултати, вели Исмет Рамадани, поранешен пратеник, во емисијата СТУДИО 10 на ТВ24.
Тој додава дека според најавите, амбасадорката веднаш почна со активностите што ги најави – борба против корупцијата и криминалот. Тоа е топ тема кај нас, вели Рамадани и додава дека нема недела или ден да не се случи афера поврзана со корупцијата.
-Зошто има многу корупција? Зашто судството и обвинителството не ни функционираат како што треба. Ние имаме начини и методи за борба против корупцијата ама не се применуваат. Друго е дали ние како граѓани учествуваме во тоа корупцијатада е толку присутна, вели Рамадани.
Америакнскиот тим за борба против корупција нема извршно дејство, но може да помогне во откривање на коруптивни дејствија и борба против манипулации откако судството ќе си ја заврши работата, појаснува Рамадани.
-Треба да му ја мислат тие што вее имаат криминални дејанија. Тука спаѓаат и луѓе од власта и од опозицијата. Има најави дека ќе се прочешлаат и сегашни и поранешни функционери. За некои веќе и има предистражни и истражни постапки, но се бавни, вели Рамадани.




















