Коментирајќи ја својата реченица „стани Цаци, да те види цела сала“ упатена кон министерката за одбрана Славјанка Петровска, премиерот Димитар Ковачевски на седница за пратенички прашања на пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ му порача дека тој тоа не може да го каже, но може како неговите сопартијци да краде микрофони, објави порталот „360 степени“.

„Не можете вие да кажувате реченица од типот ’стани Славјанка‘ или кој било друг, затоа што таа реченица јас сум ја кажал. Она што вие можете да направите е во стилот на вашите колеги од вашата партија, а тоа е да седнете и да украдете микрофон како претседавачот на Советот на Град Скопје или како што го правеше друг пратеник тука во Собранието или вашиот бивш претседател. Вие можете да го правите зашто тоа личи на вас не на мене. Или да се најавите гостин кај самиот себе, пратеникот Ковачи да дојде на гости кај пратеникот Ковачки“, рече Ковачевски.