Формула 1 тимот на Вилијамс го промовира својот втор возач за сезоната 2023, во името на Логан Сарџент од Соединетите Американски Држави. 21-годишникот оваа сезона возеше во Формула 2, а до последната трка се бореше да обезбеди поени на супер лиценцата за да може да вози во најсилното друшство.

Advertisements

Вилијамс се раздели со Николас Латифи кој возеше во изминатите години, а сега по пауза од осум години во спортот пак ќе има еден Американец. Сарџент сезонава возеше за тимот на Карлин и го освои четвртото место во генералниот поредок со 148 освоени бода.

Тимот од Британија реши да му верува на младиот возач, одамна се зборуваше дека Сарџент ќе го наследи Латифи и сега тоа се исполни. Сарџент е прв американски возач по 2015 година и Александар Роси.

Прикажи повеќе