Итни средби се одржуваат утрово во Брисел во рамки на дијалогот Косово-Србија. Средбите се на барање на Европската унија (ЕУ) поради кризата предизвикана од регистарските таблички на Косово. Борел одвоено првин се сретна со Курти, па со Вучиќ, по што има заедничка средба, објави Радио Слободна Европа.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, на 21 ноември нешто по 8 часот најпрвин се сретна со премиерот на Косово, Албин Курти. Потоа нешто по 9 часот почна средбата и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

По одвоените средби започна и заедничка, таканаречена трилатерална средба меѓу ЕУ, Србија и Косово, а европската страна на средбата покрај Борел ја претставува и Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина.