Производителот на електрични возила „Тесла“ повлекува повеќе од 321.000 возила од американскиот пазар затоа што задните светла на тие автомобили можеби повремено не работат, се вели во документ на компанијата.
Производителот на електрични возила со седиште во Тексас, инфомира дека повлекувањето опфаќа одредени возила „Модел 3“ за следната година и „Модел Ипсилон“ од 2020 до 2023 година.
Компанијата ќе спроведе безжично ажурирање за да го поправи проблемот со задните светла и нема извештаи за какви било несреќи или повреди поврзани со повлекувањето на возилата, се вели во поднесокот до американската Национална администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.