Според „Трансфермаркт“, фудбалерите кои ќе ја претставуваат Англија на Мундијалот во Катар, заедно вредат 1,26 милијарди евра. Втора на листата е селекцијата на Бразил која вреди 1,14, а трета Франција со 1,03 милијарди евра.

Advertisements

Следат Португалија (937 милиони евра), Шпанија (902), Германија (885,5), Аргентина (633,2), Холандија (587,25), Белгија (563,2) и Уругвај (449,7).

Хрватска е 11. со 377 милиони евра, додека селекцијата на Србија е 12 највредна репрезентација на Мундијалот со 359,50 милиони евра. На последното 32 место е селекцијата на Катар, која вреди 14,9 милиони евра.

Од репрезентациите кои не се пласираа на СП, најскапа е Италија чија вредност е 640,5 милиони евра.

Најскап играч на Мундијалот е Французинот Килијан Мбапе. „Трансфермаркт“ проценува дека вреди 160 милиони евра. Втор е бразилецот Винисиус Жуниор чија вредност е 120 милиони евра, додека трет е Англичанецот Фил Фоден кој чини 110./Мakfax/