Британскиот боксер Тајсон Фјури во интервју за „БТ Спортс“, истакна дека парите, победите и титулите повеќе не го мотивираат да се бори, туку се обидува да го спаси своето психичко здравје.
„Откако го победив Дилијан Вајт, се колнам дека навистина мислев да одам во пензија. Бев три месеци надвор од рингот, пишував книга, но без боксот немам цел во животот. Си играм со оган. Јас сум себична личност, требаше да останам во пензија. Не знам кога ќе прекинам со боксот. Имаме 34 години и неколку операции, но мислам дека само смртта може да ме натера да прекинам со бокс, освен ако не добијам помош од некој доктор“, вели Фјури пред битката со Дерек Чисора закажан за 3 декември./Sport1/