Британскиот возач Џорџ Расел успеа прв да ја мине целта на бразилската трка што се одржа на патеката “Интерлагос”, што е негов прв успех во кариерата во Формула 1. Голема прослава за него и тимот на Мерцедес. Дека ова ќе биде совршен викенд за Мерцедес беше јасно во саботата кога Расел победи на спринтерската трка.
„Беше фантастично чувство и голема благодарност до тимот што го овозможи овој двоен успех“, рече Расел, кој стигна на целта пред тимскиот колега Луис Хамилтон.
„Оваа сезона беше полна со емоции, а исто така беше и оваа трка. Ја контролирав трката и стигнав до големата победа иако Луис беше брз. Како и да е, на крајот победив и додека ја минав целта и се враќав во боксот, целата моја кариера ми блесна пред очи. Им благодарам на сите кои ми дадоа можност да ја постигнам оваа победа“, изјави Расел.