Британски научници развиваат медицински робот што би можел да пружи итна помош и да им го спаси животот на повредени војници.

Advertisements

Истражувачите од Универзитетот на Шефилд работат на систем со кој лекарите оддалеку би можеле, преку опрема за виртуелна реалност, „да го раководат“ роботот на бојното поле. Овој тн. „систем на телеприсутност“ би можел да зема брисеви, примероци од крв, да испраќа фотографии и видеа од повреди до лекарите, со цел – лекување од далечина. Роботот ги има истите способности како и оние што се користат во роботската хирургија.

Повредените борци, засега, најчесто зависат од медицински техничари со ограничени ресурси, кои ја вршат својата работа под значителни лични опасности, и ако на пациентот му е потребна дополнителна нега, преносот до безбедно место со соодветна здравствена опрема, може да трае со часови, па дури и денови.

Прикажи повеќе