КВЕНТИН ТАРАНТИНО гостуваше во ток-шоуто на Џими Кимел и откри дека според него досега се објавени само седум „совршени“ филмови.
Ниту еден од неговите филмови не се најде на листата и наместо тоа, тој се определи за работата на други режисери, при што повеќето од филмовите што ги наброја доаѓаат од 1970-тите и ниту еден по 1985 година.
„Нема многу, но тоа само покажува дека снимањето филмови е тешко“, рече тој.
„Еден филм сепак не е совршен“
Еден од филмовите на неговата совршена листа е филмот „Масакрот со моторна пила во Тексас“ од 1974 година, а тој ги наведе и Вилиците на Стивен Спилберг, потоа „Егзорцист“, „Враќање во иднината“, комедијата „Ени Хол“ и „Младиот Франкенштајн“ на Мел Брукс.
Филмот The Wild Bunch беше седми на листата, но Тарантино нагласи дека филмот сепак не е совршен, туку „дека несовршеностите го прават совршен“.
Режисерот, исто така, ја искористи можноста да се осврне на неодамнешните коментари на Канје Вест кој тврдеше дека Тарантино му ја украл идејата за Django Unchained.
„Тоа не се случи. Идејата беше тука уште пред да го сретнам Вест“, призна тој.