Министерот за здравство Беким Сали за вршител на должност медицински директор на Универзитетска клиника за детски болести ја именува д-р Стојка Нацева-Фуштиќ, додека за нов в.д. медицински директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија ја именува д-р Виолета Клисаровска.

Новоназначените директорки, како што соопшти Министерството за здравство, се именувани како вршители на должност до именување  медицински директор, по распишување конкурс, но не подолго од шест месеци.

Нацева-Фуштиќ и Клисаровска доаѓаат на местата на досегашните директори на Детската клиника и на Онкологија, Аспазија Софијанова и Никола Васев, кои по барање на министерот за здравство поднесоа оставки.