Ова е закана, а не штрајк за работнички права. Вака градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска ги квалификува најавите за штрајк и наводниот прекин на водоснабудвањето на Скопје од страна на вработени во ЈП Водовод и канализација. Таа го повика обвинителството да реагира за да не се „реализира заканата“.
На вонредната конференција за медиуми Арсовка попладнево изјави дека деновиве се проширија шпекулации за наводни проблеми во функционирањето на јавните претпријатија, особено за Водовод и канализација.
-И покрај паниката којашто сакаат да ја креираат неколку иннстументализирани лица, сакам да ги смирам граѓаните, градот Скопје ќе има непречено, квалитетно и континуирано снабдување со вода. Апелирам до надлежните институции, до Јавното обвинителство да преземат соодветни дејствија како би се превенирало по оваа закана. Ничии работнички права не се прекршени и не станува збор за никакво деградирање на работници. Се работи за прераспределба на десетина лица, хоризонтално, што значи дека овие лица земаат иста плата, не им се намалени платите, но им се распределени работни задачи. Две лица зЕмаат плата над 60.000 денари, и сега ќе ја земаат, ама замислете ќе треба да работат“, рече Арсовска.
Таа додаде дека ова ЈП е претворено во биро за вработување, дека дел од вработените не ги извршуваат своите основни работни обврски. „Имаме дефицит на технички персонал, а имаме огромна бројка на администрација“, рече Арсовска и додаде дека градот Скопје ќе има вода.
Во ЈП Водовод и ванализација вработени се 1.200 лица.