Текстилниот сектор годишно останува без  еден до три проценти од своите вработени, јавува ТВ 24. Енергетската криза ги зголеми трошоците, па нема пари за повисоки плати.

Сепак  од текстилниот сектор велат тој премин кон сопствени брендови тешко може да се оствари во време на криза, бидејќи се потребни многу пари што голем дел од компаниите ги немаат.

Оние кои низ годините граделе  сопствени брендови, велат кризата ги погодува, но вложувањето се исплати.

Текстилните фабрики се потешко наоѓаат работници. Главна причина е иселувањето. За една деценија само истокот останал без една четвртина од работоспособното население, а секој петти граѓанин е над 60 години.