„Алтернатива како политичка партија и јас сме целосно растоварени од тоа дали сме дел од мнозинството или опозицијата. Ние сме во политиката за имплементирање на некои наши вредности, за промовирање на политички концепт и некои вредности во кои веруваме и ние тие вредности и тие принципи ги промовираме каде и да сме. Било тоа да е во парламентот – било како власт или опозиција, или било тоа да е надвор од парламентот. Целосно сме растеретени од тоа кој влегува и кој излегува, но додека сме таму, додека сме рамноправни партнери, ќе бараме рамноправност во таа влада. Доколку некој се труди на ваков начин да се однесува со нас, нека се обиде. Мислам дека нема да им излезе на добро. Но, јас мислам дека досегашниот пристап кон нас беше коректен од останатите партнери и мислам дека не би влегле во такви математики без да ја добијат нашата согласност,  рече Гаши во вечерашното гостување на Алсат ТВ.