Советничката во Град Скопје од редовите на СДСМ Љубица Јанчева во емисијата 24 анализа рече дека Владата има нула денари долг кон ЈСП.
Таа истакна уште дека, ако веќе се бара виновник и тоа го лоцираме во Владата, треба да се каже зошто е виновна и кој е тој долг, по кој основ и од кога?
„Од каде е таа сума од 120 милиони денари? Треба ли затезна камата да се плати? Она што е законска обврска на Владата е да овозможи бесплатен превоз на средношколците зошто средините училишта се ингеренција на Град Скопје. Таа обврска е реализирана и тврдам дека Владата има нула денари долг. Тие пари се даваат како блок дотации.и тие пари се составен дел на програмата за средно образование која ние како советници ја усвоивме кога го носевме буџетот“, рече Јанчева.






















