Процесот на пристапување во Европската Унија (ЕУ) може да помогне за поголема промоцијата и унапредување на односите и не мора да значи откажување од историјата и идентитетот, туку напоротив, пораша порача евроамбасадорот Дејвид Гир во обраќањето на конференцијата „Можности за проширување”, како дел од серијата настани што ги организираат чешката Амбасада во земјава заедно со Амбасадата на Чешка во Бугарија, со цел подобрување на добрососедските односи и дијалогот меѓу Скопје и Софија.

прекугранична соработка, која дава многу можности и овозможува заеднички да се соочиме и со предизвиците како миграцијата, зелената агенда, шумските пожари кои се чести во летниот период. Шпанија има што да каже за своето иксуство. Ние веќе се подготвуваме и работиме и за претстојното претседателство со ЕУ, со став дека овој регион бил важен и е многу важен особено сега во овие времиња на предизвици”, рече Лозано Гарсија.

Амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш нагласи дека според негово лично мислење, за нив проширувањето значеше реунификација со Чешката Република, но во една друга смисла и квалитет. Словачка и Чешка станаа вистински партнери благодарение на членството во ЕУ, кое, вели, отвори многу можности за коегзистенција, а вклучувањето во единствениот пазар и особено во еврозоната значајно влијаел на нивниот развој како мала земја.

„Од мал ја посетував Југославија, патувавме заедно со моите родители и за нас тогаш Југославија беше вистински западна земја. Со членството во ЕУ денес ние сме пред вас и земјите од регионот. Тоа е вистинскиот бенефит од членството. Да останевме надвор од ЕУ мислам дека ќе бевме повеќе налик на Белорусија. Во регионот постојат бројни иницијативи кои си конкурираат како заеднички регионален пазар и Отвопрен Балкан кој засега се чини како контроверзен проект. Доколку трите членки на иницијатива покажат дека таа е жива и носи конкретни предности, тоа ќе значи позитивен развој во однос на поголемо интегрирање меѓу шесте земји од Блаканот и нивна компатибилност со ЕУ што ќе придонесе за нивна побрза интеграција во Унијата”, порача Маркуш.

И чешкиот амбасадор Лудва како организатор на настанот се согласи дека кога зборува за чешко-словачките односи дека Чешка и Словачка порано пред да се разделат биле сопружници, а сега се страствени љубовници, кои живеат по правилата на ЕУ.

Во своето обраќање бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов нагласи дека постојат силни показатели дека размената меѓу Бугарија и Македонија до крајот на годината по првпат ќе надмине една милијарда евра, што значи дека бизнисот ги следи добрите трендови во односите, а тоа е во интерес на граѓаните и на двете земји. Од големо значење за интензивирање на билатералните односи додаде тој е и улогата на Коридорот 8 кој ќе ги поврзува Бугарија, Македонија, Албанија и Италија.

„По руската агресија во Украина брзото завршување на Коридорот 8 стана од огромно знаење не само за националната безбедност на нашите земји, туку и за европерспективите на регионот на Западен Балкан. Најпосле Бугарија и Северна Македонија имаат и одлична прекугранична соработка финансирана од ЕУ со речиси 95 проценти апсорпција на средства за периодот 2014 – 2020. Тоа што е исклучително импресивно е дека пограничните региони имаат воспоставено одлична соработка”,