Христијан Мицкоски секојдневно покажува дека е анти ЕУ политичар кој работи на штета на граѓаните и државата, велат од СДСМ.
Во соопштението се вели:
-Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги лажеа граѓаните дека македонскиот јазик ќе биде збришан, дека следува наводна асимилација на македонскиот народ.
Нема фуснота за македонскиот јазик. Сите, буквално сите лаги на Мицкоски се потонати во вода.
Со ваквото однесување, Мицкоски потврдува дека е предводник на антиевропскиот концепт кој значи враќање назад во изолација и неизвесност.
Тоа, СДСМ заедно со интитуциите и граѓаните, нема да го дозволи, македонската иднина е сигурна и таа е европска.





















