Владата на Србија на денешната седница ја усвои Одлуката за привремена забрана за извоз и изнесување на природен гас, која ќе важи до 31 октомври годинава.
Владата ја донесе Одлуката со цел да обезбеди безбедно снабдување на домашниот пазар и да спречи евентуални штети врз стопанството и граѓаните.
Од Владата во Белград соопштуваат дека одлуката е донесена со цел да се спречи заканата од критичен недостиг на природен гас предизвикан од нарушување на глобалниот енергетски пазар.