Предлогот за избор на Ристо Пенов за министер за локална самоуправа денеска ќе биде на дневен ред на 88. седница на Собранието на Република Северна Македонија.
За ова министерско место Ристо Пенов е предложен од Либерално-демократската партија откако досегашниот министер Горан Милевски на 20 септември, од лични причини, си поднесе оставка од функцијата.





















