На 12.10.2022 година во СВР Охрид извршен е разговор со Г.И.(47) од Охрид. Притоа, констатирано е дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на рекламна табла со натпис „Цар Борис III“ поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид.
Во врска со делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консулатација со Јавен обвинител, СВР Охрид до здружението ќе испрати известување заради нивно натамошно постапување, соопштија од МВР.
Инаку, човекот што вчера претпладне ја искрши таблата на клубот „Цар Борис Трети” во Охрид ѝ е познат на полицијата од самиот почеток затоа што тој сам се пријавил откако го извршил делото, дознава МКД.мк од извори од истрагата.























