Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска изјави дека скрининг процесот мора да оди паралелно со реформите и дека во нивното спроведување мора да бидат вклучени сите и без исклучок на опозицијата.
„Процесот на скрининг мора да оди паралелно со реформскиот процес. Ова не е работа само на власта, туку на сите, власта, опозицијата, локалната власт, бизнисот и обичните граѓани“, рече Гир.