Нема да има просперитет во земјава ако државата продолжат да ја водат сервилни, лукративни, манипулативни, самобендисани и неуки луѓе кои себеси се нарекуваат политичари, порача претседателот на МАНУ, Академик Љупчо Коцарев, во обраќањето по повод Одбележување на Денот на МАНУ. Тој им порача на политичарите без интегритет, кои се манипулативни, сервилни и самобендисани, да престанат да се занимаваат со политика, и да им дадат можност на луѓето кои навистина сакаат да работат во интерес на државата.
-Во Македонија веќе повеќе години, прашањата поврзани со владеење на правото, се подложни на политичко толкување и на политички договор а таков пример беше и неодамна извршениот попис на населението како еден пример за практикување на погрешно решавање на проблемите или на нивно создавање со вклучување на нерезидентното население при креирањето на развојни политика на земјата. Практика пресудна за иднината на државата. Тоа еднаш засекогаш да престане, изјави Љупчо Коцарев, претседарел на МАНУ.