По „Иван Михајлов“ во Битола, Бугарија денеска ќе отвори уште еден културен клуб со контроверзно име поврзано со фашизмот – „Цар Борис Трети“ со седиште во Охрид.

Здружението-основач го одреди датумот на само четири дена пред Денот на народното востание против фашистичкиот окупатор во Македонија и државен празник 11 Октомври.

Клубот се отвора без позитивно мислење од Министерството за правда.