Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во Прага на билатерална средба со австрискиот канцелар Карл Нехамер разговараше за перспективите на регионот и евроинтегративниот процес на нашата земја. Тема на разговор, како што соопшти владината прес-служба, биле и предизвиците наметнати од светската енергетска криза и можностите за нивно надминување.
Премиерот Ковачевски истакнал дека Северна Македонија е целосно подготвена за процесот на скрининг што ни претстои и дека се очекува полноправно членство во Европската Унија до 2030 година.
Двајцата соговорници се согласиле дека двете земји имаат одлични билатерални односи и соработка, а се разгледуваат и можностите за нивно унапредување во насока на спроведување на реформските приоритети.
На средбата била изразена и благодарност за безрезервната австриска поддршка од технички и од финансиски аспект која ја добиваме од Австрија.