За два до три месеца се очекува да заврши истражната постапка која скопското обвинителство ја покрена против Жан Митрев. Од ова Обвинителство брифираат дека веќе се сослушани повеќе од 80 проценти од пријавените како оштетени. Првиот човек на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, на брифинг со новинарите кажа дека на истрагата во моментов засилено работат финансиски, но и компјутерски истражители, објави Алсат.

Во меѓувреме, стигна информација дека 1 милион евра депонирал кардиохирургот Жан Митрев, како гаранција дека нема да бега од државата, соопшти Гаврил Бубевски,  шефот на Јавното обвинителство Скопје, на денешниот брифинг со новинарите.