Изет Меџити, Блерим Беџети и Кастриот Реџепи викендов на своите фејсбук-профили објавија заедничка фотографија која ја насловија „заедно“. Истакнатите членови на ДУИ, Меџити (пратеник) и Беџети (актуелен градоначалник на Сарај) се потписници на писмото во кое бараа смена на Артан Груби и промени во партијата. На т.н. „огнена група“ од викендов, барем според фотографијата, најверојатно им се приклучи и поранешниот член на Беса и актуелен независен пратеник Кастриот Реџепи

Како што пренесува, ТВ21 кои го контактирааа пратеникот Кастриот Реџепи, тој рекол дека по четврток ќе биде достапен за медиумите.

Реџепи до сега функционираше како независен пратеник во Собранието, по разделбата од Движењето Беса. Инаку, во текот на вчерашниот ден градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, пратеникот на ДУИ Изет Меџити, но и самиот Кастриот Реџепи објавија заедничка фотографија на социјалните мрежи, со натпис „заедно“, додека Реџепи имаше додадено и натпис „Европа21 “.