Настан кој ќе влезе во модната историја. Така можете да ја опишете вчерашната ревија на парискиот бренд Коперни, кој стои зад Себастиен Мајер и Арно Вајлан.
За колекцијата пролет/лето 2023, ова дизајнерско дуо ги помести границите на модната технологија.
Со својот потег, велат, сакале да ја ажурираат својата естетика на позрел и научен начин. И за каков потег се работи?
Ревијата започна со претставување на интересни кројачки моменти. Дизајнерите сериозно си поигруваа со историските пропорции, од претерани колкови до прекумерно обложување на ткаенина на мини здолништа. Внимание се посветува и на додатоците. Меѓу другото, можеше да се видат очила за сонце инспирирани од Matrix кои придонесоа за препознатливата футуристичка-шик естетика на брендот.
Дуото продолжи да навлегува во светот на техничките конструкции. Имаше холографски цветни принтови и тесни фустани каде вертикалните делови од ткаенината се поврзани со метални прстени кои наликуваат на телефонска жица. И тогаш имаше момент за паметење, оној што го менува светот на модата благодарение на Fabricana, патентиран материјал за прскање од конзерва што се стврднува во текстил што може да се носи.
Финалето на ревијата се фокусираше на ѕвездата на пистата Бела Хадид, која на сцената се појави само во долна облека.
После тоа, тим од експерти, предводени од д-р Манел Торес, директор на Fabrican Ltd и пронаоѓач на ткаенината во спреј, го создадоа совршениот минималистички слип фустан од Коперни. Тоа го направија директно на телото на супермоделот. Испрсканата течност за помалку од десет минути стана вкочанет фустан.
Сакавме да му го посветиме овој момент на д-р Торес затоа што многу го почитуваме она што тој го прави. Почувствувавме дека е апсолутно неопходно тој да го води настапот и да ни го направи искуството уште помагично, изјави Вајлан.