Соединетите држави и нивните сојузници се подготвуваат да воведат нови санкции кон Русија по како што Западот и Обединетите нации ги нарекоа „лажни“ референдуми во четири украински региони, при што Белата куќа рече дека мерките ќе бараат „тешка“ економска цена од Москва.
На 28 септември, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен објави нов пакет мерки, велејќи дека тие се дизајнирани „да го натераат Кремљ да плати“ за ескалацијата на конфликтот во Украина.
„Не прифаќаме лажни референдуми, ниту каков било вид анексија во Украина и решени сме да го натераме Кремљ да ја плати цената за оваа понатамошна ескалација“, изјави таа во Брисел.