Дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е погрешно и спротивно на стратешките интереси на државата и на она што граѓаните пред 31 година го одлучиле со создавањето на своја суверена и независна држава која еден ден ќе стане земја членка и на НАТО и во ЕУ, обвинуваат од СДСМ.
Во нивното соопштение се вели:
Во таквото дејствување, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски поддршка имаат единствено од проруската партија Левица предводена од Димитар Апасиев.
Тоа нема да им успее, нивните деструкции одново ќе бидат поразени,
Државата веќе го почна преговорите со ЕУ, институциите имаат капацитет и подготвеност што побрзо да го завршат процесот на преговори и Северна Македонија да стане земја членка на Унијата веќе во 2030 година.
Колку и да не им се допаѓа на Мицкоски и Апасиев македонската иднина е обезбедена и таа е европска.