Од Прилепската болница се огласија откако во јавноста, а од МВР потврдија, дека пациент кој се лекувал кај нив починал на клупа во болничкиот двор. Имено, пациентот бил отпуштен со ампутирана нога. Од болницата велат:

Пациентот Г Д роден 1971 година е пратен во Јзу Општа болница со проширена дејност од тораковаскуларна хирургија со препорака за продолжување на антибиотска терапија после ампутација на натколеница во Скопје заради тромбофлебит.

Примен е во одделение за ортопедија и трауматологија на 01.08.2022 година и во текот на 43 дена колку што е останат превземени се сите мерки на лекување од наша страна.

Правени се секојдневни стерилни преврски на раната и давање на интравенски инфузии со антибиотици и по потреба и аналгетици.

За цело време одделението каде што беше сместен алармираше за неговото недолично однесување/примање во собата сомнителни лица, внесување недозволени средства, дефецирање на средина во болничка соба и многу други работи што не би сакале на ваков начин да го спомнуваме!

Неговото недолично однесување го издржа практично целиот персонал на одделението кое е поим за внесување нови методи во работењето и успешно операции!

Се во интерес на пациентот!

Но кога раната веќе беше затворена и неговата општа и локална состојба добра, пациентот и испишан на 14.08.2022 година.

Контактирани беа членовите на  неговото семејство кои не сакаат да го примат.

Се појави неговиот брат кој исто така не сакаше да го прими/кој за воља на вистината му беше потребно да предизвикува проблеми и да прави невидено шоу во кругот на болницата. Имаше се, само за жал не солзи за братот на кој му донесол само ќебе и наодот од обдукцијата која вчера траеше до 16,30 часот ќе покажи што уште му донесол на братот кој два дена го остави во дворот!

Инаку социјалниот работник од нашата установа го извести Центарот за социјална работа, МВР, потоа и нашето раководство интервенираше и во ЦСР и во старски дом побарано беше сместување.

Ни беше одговорено дека пополнет е бројот на корисници и немаат соби но едно е вистина дека ако неговото семејство се откажало заради неговото деструктивно однесување кон себе и околината, ние како болница направивме и повеќе отколку што е потребно, затоа што болниците згрижуваат повредени и лекуваат болни до одреден период до излекување/ 7-14 дена/ а не се центри за згрижување напуштени и бездомни лица.

Кога ние би ги згрижувале таквите лица тогаш што би правеле со оперираните пациенти, децата, новородените во болницата на кои им е потребна микробиолошки чиста средина за оздравување со што нашата болница можи да се пофали, за што постои и документација од Државна санитарна и здравствена инспекција и од сите останати контроли на кои подлежиме!

Ние како установа со нашето работење да остваруваме резултати за што зборуваат и реализацијата на проектите на нова и современа апаратура.

Затоа апелираме до медиумите да не се пласираат во јавноста непроверени податоци, ние сме отворени за јавноста и како и секогаш кога се побарани одговори, истите се добиени од наша страна!

Бездомник починал пред болница во Прилеп во која се лекувал, го пронашле на клупата