Фондацијата за исламска култура и цивилизација (ФОЦИЦ) ги подели потврдите за успешно завршени курсеви по арапски јазик. Истите беа организирани во соработка со Образовниот Институт за арапски јазик АКДЕМ од Истанбул Турција и ЛИНГУА СТАР – Тетово.
Оваа средба се реализираше во присуство на претседателот на ФОЦИЦ, Др. Бенјамин Идриз, заменик претседателот Проф. Др. Аднан Исмаили, координаторот на курсевите по арапски јазик М-р. Беким Сулејмани и професорот по арапски јазик Др. Амел Куртиши.
Сите кандидати кои ги завршија првиот и вториот степен на арапскиот јазик се здобија со потврди за соодветните нивоа.
Програмите за учење на арапскиот јазик се реализираат во Скопје, Тетово и во Куманово.
Овие курсеви ги следеа 120 кандидати.
Во оваа пригода претседателот на ФОЦИЦ Др. Бенјамин Идриз на кандидатите им ја подели својата книга ,,Жената во Куранот”.
По поделба на сертификатите и подароците се разговараше за продолжување на курсевите на повисоки нивоа.























