Нури Бајрами од Државната комисија за спречување на корупција денеска во летното издание „Click21“ на ТВ21 вели дека балансерот се злоупотребува.

„Замислете сега без исклучок, и раководни лица на управни институции и лица во обвинителството сум слушнал да го толкуваат дека тоа е единствено уставна определба, слобода… Не е точно, не е точно во истиот оглас, кога аплицираш во 15 минути на повеќе работни места и да се изјаснуваш во три различни етнички заедници. Не, слободата е до тука, ти можеш да се определиш никој нема да ти пречи, но треба да се спроведува некоја постапка. Треба да ги избришеш сите евиденции каде веќе еднаш си се изјаснил“, вели Бајрами.

Тој вели дека нив им се случило едно лице во еден ист оглас да биде определен како Македонец, Албанец и Ром.

Според него, тоа веќе станало алатка за понижување.

„Тераш луѓе да лажат за нешто најосетливо за нив, за да можат да се вработат“, вели Бајрами.