Судијката Ленка Давидкова добила внука, па судењето за Драги Рашковски експресно се одложи, објави Телевизија 24.
Ова е прво рочиште по летните одмори за ексгенералниот секретар кој се гони за јавни набавки и делење хонорари од Генералниот секретаријат.
Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата, спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата која го добила тендерот. Во прилог на ова, Обвинителството вели дека Рашковски дал и насоки како да се изготви техничката спецификација на јавната набавка.























