Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во своето вечерно обраќање до нацијата предупреди на тешка претстојна зима и извести за напредокот во контраофанзивата против руските сили.
Тој им се заблагодари на украинската армија за заземање на две места во јужна Украина и едно во источниот дел на земјата.
Украина минатата недела почна контраофанзива во јужниот дел на земјата, посебно во регионот на Херсон, што Русија го зазеде на почетокот од инвазијата